Прославената филмска, телевизиска и театарска дива Неда Арнериќ вели дека вистински мажи има се помалку и истовремено откри какви квалитети треба да има мажот што може да ја освои.
– Се помалку има вистинските мажи. Видите, јас не сакам карактерни мажи. Мене ми се допаѓаат фаци како Шон Пен или Ал Пачино. И двајцата се мали и некако според мене неспретни, ама мене ми се допаѓаат – вели помалку шеговите Неда која лани го изгуби својот сопруг, докторот Милорад Мештеровиќ кој почина од рак. Претходно, тие биле 35 години заедно, а глумицата често истакнуваше дека тој бил нејзината најголмена љубов.
Инаку, во февруари Неда Арнериќ во својот дом беше пронајдена од својот брат во несвест и со Итната помош беше пренесена во болница. Таа беше примена на токсикологија, а се шпекулира дека глумицата сакала да се убие откако измешала повеќе лекарства.