Звездата на југословенскиот филм Неда Арнериќ во интервју за “Глорија“ откри зошто никогаш немала деца.
-Колку и да сакав да имам свое дете, речиси сум среќна што го немам. Да подигнеш здраво дете во вакви нездрави услови е неверојатно одговорност. Ништи не ми се допаѓа во овој 21 век, и подобро што сум без деца – изјави Неда.
Таа се осврна и на периодот додека беше во болница.
-Луѓето престанаа да ми се јавуваат додека бев во болница, да не ме вознемируваат. Кога дојдов од болница, тие повторно не му се јавуваа и морав да им кажам “Вие не ме вознемирувате, вие сте ми потребни“. Свртив неколку броја и ја слушнав истата приказна: “Твојот телефон беше исклучен, неможевме да те добиеме“. Сега сум добро подготвена да се вратам на театарот и филмот. Знам дека има што да покажам – изјави Неда Арнериќ за “Глорија“.
фото. Глорија