“Не е злосторство да им се даде надеж на луѓето“. Со овие зборови контроверзниот француски инфектолог Дидиер Раулт ја започна прес-конференцијата заедно со градоначалникот на Марсеј и претседателот на регионот Жан Кастикс.
-Ова е значајна епидемија, со 800.000 мртви на 7,8 милијарди жители. Но, шпанскиот грип одзеде 50 милиони животи до 1,9 милијарди жители, азискиот грип во 1957 година имал два милиони смртни случаи на 2,9 милијарди жители, грипот од Хонг Конг предизвикал милион смртни случаи во 1968 година на 3,6 милијарди жители – ја релативизираше познатиот стручен експерт во Марсеј актуелната состојба.
Тој исто така објави дека во минатата година за кои се достапни податоци, респираторни инфекции убиле 2,5 милиони луѓе.
-Затоа сме соочени со проблем, но не и со проблем што го надминува тоа што го видовме во минатото – инсистираше Раул.
Тој рече дека од почетокот на „вториот бран“ на епидемијата, на 15 јуни, на Медитеранската клиника за инфективни болести со кој управува, починале само седум лица, меѓу кои има и многу стари лица, или оние кои допатувале од странство .
Раулт продолжува да инсистира на „неговиот“ третман со хидроксихлорокин и азитромицин, иако овој „коктел“ на лекови наиде на бројни критики во светот. Тој посочи дека досега во неговата клиника се извршени дури 200 000 тестови на 86 000 лица, дека 6.800 биле позитивни и дека има вкупно 169 смртни случаи, што е 2,4 проценти од тестираните. Од вкупниот број позитиви, 4.600 го примиле споменатиот третман, најмалку три дена. Според Раулт, меѓу нив имало само 19 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 0,45 проценти.