На социјалните мрежи се појавија нови снимки за злоупотреба на деца, овој пат, наводно, од приватната градинка „Замак“ во Вождовац.
На снимките се гледа како воспитувачки малтетираат деца. Една од нив буквално го влече држејќи го под мишки, а пак друга го држи детето на под и го гази додека тоа плаче. Тие дури и ги заклучувале во посебна просторија ако „не биле мирни“.
Родиители кажуваат дека од снимките се гледало како една воспитувачка му става сосила цуцла на дете кое има само две години иако тоа одбива.
Надлежните во Србија, по објавата на видеото во јавноста, веднаш направиле увид при што е откриена и просторијата каде дечињата биле заклучувани.
— Babica Travica (@BabicaTRAVICA) January 20, 2021