Жителите на украинскиот Херсон, град окупиран од руската армија, им го попречиле патот на руските воени камиони со ознака „З“ на улиците и ги принудиле да се свртат.
Видеото кое е направено вчера, на Твитер го објави украинскиот новинар Олексиј Сорокин.
Украинците им извикуваа „Оди дома“ на Русите и им покажаа среден прст.
Руските сили го окупираа Херсон по почетокот на инвазијата на 24 февруари, но проукраинските демонстранти последователно продолжија да излегуваат на улиците и да протестираат против инвазивните сили.
Residents of occupied Kherson block the path of a Russian military convoy and force it to turn away. Incredible. pic.twitter.com/jvT1jRXnO6
— Oleksiy Sorokin (@mrsorokaa) March 20, 2022