Невеста од Иран била убиена на својата свадба при престрелка кога залутан куршум од пушка ја погодил во главата.
Махваш Легаи се венчалa во градот Фирузабад кога гостин, за кој се верува дека е роднина на младоженецот, пукал од ловечка пушка за која немал дозвола. Куршумот поминал право низ черепот на невестата.
Полицајците откриле дека некој пукал од ловечка пушка како дел од локалната номадска традиција. Гостинот потоа побегнал, но полицијата набрзо го пронашла, тој сепак со себе ја имал ловечката пушка од која што било испукано на свадбата.
Портпаролот на полицијата изјави дека 24-годишната невеста паднала во кома и набргу потоа починала. Застрелани се уште две лица, но нивните животи не се во опасност, пишува Дејли мејл. Напаѓачот е идентификуван како 36-годишен маж, наводно роднина на младоженецот.
Семејството на жртвата соопштиле дека нејзините органи се донирани и дека им помогнале на три лица. Нејзиниот вујко изјавил дека таа работела како социјален работник и им помагала на зависниците да се опорават, а дека решила да добие донаторска картичка пред само три месеци.