Додека повеќето невести сакаат да имаат што повеќе традиционални обичаи на својата венчавка, како што се фрлање на букетот и романтичниот прв танц, младата Рошел од Флорида одлучила да ги „зачини“ работите и на својот новопечен сопруг, но и на гостите да им приреди свадбено шоу за паметење.
Освен што ги покажала своите завидни танцувачки потези, оваа невеста успеала да привлече внимание и поради својот „фустан“, односно парче облека кое повеќе наликува на престилка со светкави детали, под кое носела само танга.
IS THAT THE BRIDE?!?!? pic.twitter.com/et8Ai6iWj3
— Detective Drip (@ImKindaFunny901) December 12, 2021
Така облечена, таа застанала пред младоженецот и заиграла така што на останатите гости им „паднале“ вилиците, пренесува „Њујорк Пост“.
„Дали ова е невестата?!?!?!“, гласи описот на видеото на Твитер на кое се гледа невестата како заводливо танцува во скутот на младоженецот, опкружена со „танцувачка група“ составена од нејзините деверици.
Видеото прво покажува како невестата оттурнува едно дете кое се нашло во близина на младоженецот, поставен да седи во средина на салата, а потоа се наведнува и го приближува задникот кон лицето на својот избраник.
Гостите кои биле присутни на оваа необична свадба го снимиле целиот настап со своите мобилни телефони, додека јавноста која го видела видеото на социјалните мрежи не е толку воодушевена.
„Тука ништо не е во ред. Деверици кои „тверкаат“, босонога невеста игра „на изволте“ пред целото семејство. Личи на еден голем гето хаос“, напишал еден Твитерџија, споменувајќи ги и децата, родителите, бабите и дедовците кои морале да бидат сведоци на ваквиот спектакл.
Од друга страна, има и коментари кои целосно го поддржуваат провокативниот танц на Рошел:
„Ако сака да тверка на својата венчавка, нека тверка. Ако вие не сакате тоа да го правите пред вашите гости – не правете го“, гласи еден од коментарите.