Хетал Раторе, невестата, учествувала во ритуал за да се подготви за свадбената церемонија со Вишал Алготар од селото Нари.
Ритуалите се одржале во храмот во Бавнагар. Традиционалната музика сè уште свирела кога Хетал одеднаш изгубила свест и колабирала. Иако итно била пренесена во блиската болница, лекарите не успеале да ја спасат и била констатирана смрт.
Додека некои членови на семејството почнале да тагуваат за смртта на невестата, други одлучиле дека венчавката мора да продолжи – дури и ако телото на идната сопруга штотуку било однесено во мртовечница. На Вишал му била понудена раката на помладата сестра на Хетал. Згора на тоа, младоженецот се согласил, а церемонијата продолжила како ништо да не се случило.