На двојката и на сите учесници во венчавката им биле потребни три дена да се искачат на врвот на планината.
Hони и Хејди, кои се од боливискиот град Кочабамба, ги кажале своите завети на 6.439 метри надморска височина.
“Тие се и спортисти и љубители на природата, како и љубители на планините. Затоа одлучија да се венчаат на врвот на оваа планина”, вели Агустин Гонзалес, планинар и кум.
Неколку сватови ја носеле венчаницата, украсите и храната за прославата, со што им било уште потешко да стигнат до врвот, бидејќи носеле дополнителни 20 килограми тежина.
Двојката имала многу среќа со времето, бидејќи цело време било сончево и пријатна температура, а видеото од венчавката е објавено на Јутјуб.