Пејачката Ирина Лепа од Романија објави несекојдневно видео од венчавка, кое досега е прегледано повеќе од седум милиони пати.
Брзо стана вирално и заврши на бројни платформи, а луѓето тврдеа дека првата брачна ноќ несреќната девојка наместо во прегратките на сопругот, ја поминала во затворска ќелија.
За среќа, тоа е невистинито, бидејќи се работело за настап кој се случил за време на свадбата, што го потврди и атрактивната пејачка.
„Не ми се верува дека видеото стана толкав хит. Во суштина, никој не беше уапсен, тоа беше уметнички чин подготвен од пријателите на младоженецот“, рече таа.
Таа на овој начин ставила крај на сите дезинформации кои кружат на интернет.