Необичен инцидент се случил во Јужна Австралија, а невестата открила како останала без венчаницата од 1.200 евра.
Линдел Кејн и Том Митон дошле во магацин во Аделаида за да соберат некои предмети. Кутијата со свечениот фустан ја ставиле на покривот на џипот и тогаш почнуваат проблемите.
Избраникот на Линдел имал најдобри намери, па кутијата со венчаницата ја ставил на покривот за да не се изгужва, пренесува New York Post.
Меѓутоа, кога завршиле со ставање на работите, момчето заборавило да ја стави кутијата во багажникот!
„Стигнавме до трговскиот центар и тогаш сфати што се случило. Се вративме назад, го паркиравме возилото и тргнавме покрај патот каде што брзаа камионите. Се обидувавме да ја најдеме кутијата“, објаснила идната невеста.
Очајната девојка му нуди награда од 300 евра на тој што ќе го најде фустанот и ќе го врати до свадбата закажана за февруари 2025 година.
„Тоа ќе биде одличен свадбен говор“, се пошегува Линдел, додавајќи дека нејзиниот избраник се кае за сѐ.
Таа вели дека Том заплакал кога видел колку е вознемирена.
„За маж кој не е многу емотивен, вчера имаше многу емоции“, заклучила таа.