Холивудскиот актер Џони Деп веќе десетина дена е во Белград каде го снима филмот “Минамата“. Тој воопшто не контактира со новинарите и новото филмско остварување го снима во потполна тајност.
Сепак, благодарејќи на членови на филмската екипа кои повремено на социјалните мрежи поставуваат по некоја фотографија може да се дознае за големата трансформација на изгледот на Деп. На една фотографија холвудскиот актер е со англскиот актер Бил Нај, а продуцентот на филмот напиша:
“ На сетот на филмот “Минамата“ на чија продукција работам, Џони Деп го игра познат фоторепортер, и неговиот херојски напор да го запре труењето са жива во јапонскиот град Минамата. Чувствувам дека приказната е многу моќна ако се земе в предвид денешниот свет и предизвиците околу зачувување на животната средина“.