Пекарот Добрица Васов од Пирот стана регионално популарен поради необичниот дом во кој живее. Овој „пионер на зелената архитектура“ во својот град на рамниот покрив на својата куќа одамна направил вистинска мала шума и базен.
“Од порано се спремав да направам вакво нешто што нема во светот. Да засадам дрва на покривот и на терасата а тие растеа и растеа… А да се зачуваат потребно е многу труд“ -изјави Добрица во интервју за нишка телевизија.
Инаку, негов сосед деновиве на социјалните мрежи објави фотографии од неговата куќа. Дрвјата не биле засадени во буриња, туку пекарот на рамната плоча претходно послал половина метар земја. И покрај бурите што ги имало во изминатите години, никогаш некое од засадените дрвја не било откорнато или оштетено, ниту, пак, од базенот на покривот имало некакви напукнувања, пренесуваат медиуми од регионот.
“