Рибар од Бразил кон крајот на јули отишол на риболов, но наместо да помине неколку дена на море, како што планирал, се вратил дома четири недели подоцна.
Имено, Ромуалдо Македо Родригес (44) пловел со дрвен брод од Ојапок во северен Бразил со цел да дојде до Илет ла Мер, но неговиот брод потонал, а тој скокнал во празниот замрзнувач и поминал 11 дена во него, пловејќи без храна и вода.
Но, тоа не е единствената несреќа што го снашла кутриот рибар. Откако бил пронајден и вратен на копно, Родригес завршил во затвор уште 16 дена, пренесува The Sun.
Потсетувајќи се на спасувањето, Бразилецот рече дека слушнал бучава и брод се појавил над замрзнувачот.
„Мислеа дека нема никој внатре. Потоа полека се приближуваа. Видот ми се замати, а потоа реков: „Боже, брод“. Ги кренав рацете и повикав помош“.
O pescador Romualdo Macedo Rodrigues, de 44 anos, viveu um drama recente. Ele naufragou e ficou 11 dias à deriva no Oceano Atlântico boiando dentro de um freezer. Tudo terminou bem. Ele iria de Oiapoque para a Ilha dos Macacos, na Guiana Francesa. pic.twitter.com/alOcRhjxS6
— Amoreca Original (@alynekaiser) August 30, 2022
Рибарот кој не знаел да плива, денот кога бил спасен го опишал како најважен во неговиот живот.
„Повторно сум роден“, рече тој кога конечно стигнал дома.
„Овој фрижидер беше Бог за мене. Чудо“, вели Родригес, кој верува дека изгубил околу пет килограми за 11 дена додека се борел со големата жед.
Рекол дека мислел дека ќе го изедат ајкулите, но најмногу му пречела жедта.
Тој бил дехидриран, дезориентиран и носел искината облека кога бил спасен. Доживеал сончев удар и ги молел своите спасувачи да се напие.
Рибарите кои го нашле во близина на брегот на Суринам, на 450 километри од местото каде што потонал неговиот брод, биле шокирани и почнале да го снимаат човекот кој плови сред Атлантикот во фрижидер.
Но, фасцинантната приказна на рибарот не завршила со неговото спасување – затоа што после тоа поминал 16 дена во затвор.
Имено, кога рибарскиот брод стигнал до брегот, на Ромуалдо му била укажана прва помош, а потоа бил уапсен од полицијата бидејќи немал документи за да влезе во Суринам. Тој бил задржан во Парамарибо дополнителни две недели.
“Беше многу слаб, исцрпен, но многу добро расположен. Раните кои ги имав на телото, а кои беа поради сонцето, веќе беа многу подобри. Вели дека имал проблеми со видот поради преголемата топлина, но беше многу мирен и во добра здравствена состојба“, изјавил полицаецот Луис Карлос Порто.
По лудата авантура, среќниот рибар е вратен дома.