Научниците во Австралија велат дека идентификувале како имунитетот на организмот се бори против вирусот „ковид-19“, пренесува Би-би-си.
Нивното истражување, објавено денес во списанието „Нејчр Медисин“, покажува дека луѓето се опоравуваат од новиот вирус како што би се однесувале од грипот.
Утврдувањето на кои имуни клетки се појавуваат треба да помогне и во развојот на вакцините, велат експертите.
– Ова откритие е важно затоа што ние првпат навистина разбираме како нашиот имунолошки систем се бори против новиот коронавирус – рече коавторот на студијата, професорката Катерина Кеџиерска за ABC News Australia”
Истражувањето на Институтот за инфекции и имунитет „Питер Доерти“ во Мелбурн е пофалено од други експерти, при што еден го нарече „пробив“.
Многу луѓе се опоравиле од ковид-19, со што веќе е познато дека имунолошкиот систем може успешно да се бори против вирусот. Но, за првпат, истражувањето идентификуваше четири типа на имунолошки клетки кои се претставија за борба против ковид-19.
Тие биле забележани со следење на пациентка која имал благ до умерен случај на вирусот и нема претходни здравствени проблеми. Станува збор 47-годишна жена од Вухан, Кина, која се претставила во болница во Австралија. Таа се опорави во рок од 14 дена.
Проф. Кеџиерска за “ABC News Australia” изјави дека нејзиниот тим ја испитал „целата ширина на имунолошкиот одговор“ кај оваа пациентка.
Три дена пред состојбата на жената да почне да се подобрува, специфични клетки беа забележани во нејзиниот крвоток. Кај пациенти со грип, истите овие клетки се појавуваат на овој начин, пред закрепнување, посочи професорката Кеџиерска.
– Бевме многу возбудени за нашите резултати и фактот дека ние всушност би можеле да го забележиме појавувањето на имуните клетки кај заразениот пациент пред клиничко подобрување – изјави таа.