Војвотката од Сасекс, Меган Меркл заедно со принцот Хари го очекуваат првото дете. Спрема наводи кралското породување ќе чини фантастични 150.000 фунти.
Инаку, кралското семејство очекува раѓање на бебето во месец април, а судејќи по активностите Меган решила да не мирува за време на бременоста.
Пред некој ден кралската двојка дале почит на жртвите од терористичкиот напад на Нов Зеланд со посета на амбасадорот на оваа земја во Лондон. Двајцата биле облечени во црно, а многумина забележале дека Меган изгледала беспрекорно која е веќе во поодмината бременост.