Бил Лапшис кој има 104 години, ги преживеал шпанската треска и Втора светска војна, а исто така успешно се опорави од коронавирусот и важи за еден од најстарите пациенти во светот што ја победи новата болест.
Роден во Салем во 1916 година, Лапшис ги имал првите симптоми на 5 март. Многу брзо, тој бил изолиран во домот каде што живее во Орегон. Тој беше еден од првите двајцастанари на домот кои заболеа од ворусот, но за жал другото лице почина на 90 години. А досега вкупно, во тој дом се регистрирани 16 случаи на зараза со коронавирусот.
Наводно, Лапшис имал среќа да добие поблаг тип на коронавирусот, така што воопшто немал потешкотии во дишењето.
Неговиот лекар Роб Ричардсон изјави дека било само прашање на време пред да се појави вирусот во установата.
Така, тие ги ограничија посетите и презедоа многу други мерки, сепак, одредени респираторни инфекции се појавија на почетокот на март, па затоа Ричардсон се сомневаше во Ковид 19.
Двете сестри кои биле во контакт кога Лапшис и другите првотимци развиле слични симптоми, но кога отишле да се тестираат, биле одбиени затоа што немале „сериозни симптоми“. Подоцна се покажа дека и двете го имаат вирусот.
На 1 април, Лапчшис го прослави својот 104-ти роденден со семејството. Имаше колачи и балони, но тие сепак останаа далеку едни од други, како што налагаат мерките на претпазливост.
На прашањето на неговата внука како го победил вирусот, тој вели: „Немам идеја, сам помина. Ако седиш овде, се може да помине”.
Тој потсети како ја преживеал шпанска треска која убила меѓу 50 и 100 милиони луѓе ширум светот, а потоа се соочилии со Големата депресија што ја мачеше Америка во 1930-тите.
Во 1939 година се оженил со Дани Бутел, со која бил во брак, до нејзината смрт во 2001 година.