НЕВЕРОЈАТНО: Авион заглавил под мост на автопат (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се шири видео снимка од авион на „Ер Индија“ заглавен под пешачки мост во  Њу Делхи.

Авионот заглавил под пешачкиот мост додека патувал на автопатот Делхи-Гуруграм, недалеку од меѓународниот аеродром Индира Ганди во главниот град на земјата, пишува Times of India.

Авионот бил вон употреба и бил продаден во моментот на инцидентот, се наведува во соопштението на Ер Индија.

„Ова е стар, истрошен авион што веќе го продадовме“, рекол портпаролот на компанијата. „Немаме дополнителни информации бидејќи се поврзани со лицето на кое е продадено“, се додава.
Авионот, како што навеле, бил преземен од купувачот во саботата, ден пред овој инцидент.

https://twitter.com/i/status/1444519287813668864

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com