Неверојатна сцена на Олимписките игри: На патеката се појави волк (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Неверојатна сцена на еден од последните денови на тековните Олимписки игри во Кортина. На денешните квалификации во екипен спринт во слободен стил женска конкуренција, на стартно целната рамнина се појави, верувале или не волк.

Животното спонтано се појави помеѓу натпреварувачките, дури ја мина и целта, за да потоа, и самото збунето од опкружувањето излезе надвор од патеката и исчезна од кадарот на камерите.

Репрезентативката на Хрватска Тена Хаџиќ која што и се најде во центарот на случувањата, ни крива ни должна што се вели, изјави дека се преплашила во моментот кога го видела волкот, но дека реагирала сосема спротивно, мирно и без паника.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com