Фабио Фернандез неодоливо потсетува на починатиот пејач Мајкл Џексон, па многумина би се согласиле дека тој е негов двојник. Фернандез тврди дека никогаш немал операција за да личи на Џексон и дека уште од детството му кажувале дека изгледа како музичката легенда и дека решил да го прифати и да го извлече максимумот од тоа.
– Тој е мојот херој и обожавам се што има врска со него – вели Фабио, кој е голем обожавател на Мајкл Џексон. Младиот човек тврди дека сличниот изглед успева да го добие со помош на шминка. Кога ќе го видат, обожавателите на познатиот пејач сакаат да се фотографираат со него.
– Уште кога растев постојано ми велеа дека личам на Мајкл, па решив да не бегам од тоа – неколку пати истакна Фабио на социјалните мрежи. Тој исто како и пејачот има нагласена уста и темно кафени очи. Иако славниот Џексон почина во јуни 2009 година, Фабио одбива да признае дека е мртов.
Често преку социјалните мрежи му оддаваше почит позирајќи во различни негови комбинации на облека, а го имитираше познатиот покоен пејач. Многумина се согласија дека со овој млад човек „дел од пејачот е се‘ уште жив“.