Стјуардесата Кристин Матис (32) толку личи на војвотката Меган Маркл што на прв поглед нема никаква разлика. Много патници ја прашале, зошто тоа го работи кога се омажила за принц?! Стјуардесата дури го збунила и својот лекар.
Кристин која работи како стјуардеса во авио компанијата “Џет блу“ вели дека споредбите започнале уште во 2011 година кога Меган се појавила во популарната тв драма “Одела“. Но, кога таа се омажи за принцот Хари, Кристин на секој чекор ја мешале со војвотката од Сасекс.
Патниците често не можат да поверуваат колку личат, па ја прашуваат дали е нејзина двојничка.
Стјуардесата се надева дека ќе заработи како двојничка на Меган, па веќе учестувала на фотографирања и снимања на кои ја имитирала војвотката од Сасекс.
Како што изјавила за британските медиуми, нејзин сон е да ја глуми Меган на големото платно.