Колумбијката Анџелика Гаитан (46) исчезна пред две години. Никој не можеше да замисли дека на 26 септември, скоро несвесна, рибарите ќе ја пронајдат во морето околу километар и половина од брегот на Колумбија.
Исцрпената жена со знаци на хипотермија ја спасил рибарот Роландо Висбал. Тој ѝ зборувал прво на шпански, а потоа на англиски јазик, не знаејќи дали може да го разбере.
Според колумбиските медиуми, рибарот на почетокот не сфатил дека станува збор за човечко тело.
Видеото, кое брзо се прошири на Интернет, покажува како рибарите ја влечат беспомошната жена со помош на јаже.
Според извештаите од болницата, жената пловела во водата околу осум часа и дошла во болница во состојба на шок. Откако се опоравила, Гаитан изјавила дека жали за моментот кога решила да скокне во вода и како самиот Бог ја спасил од давење.
Во меѓувреме, локалните медиуми влегоа во трага на нејзиното семејство. Ќерката Алехандра Кастибланко изјави дека две години не знаела каде е нејзината мајка, но ги отфрлила тврдењата дека сакала да се убие поради неуспешна врска или затоа што била нападната од нејзиниот поранешен љубовник.
Кастибланко и нејзината сестра собираат пари за да ја донесат својата мајка во Богота, каде што живеат, и се надеваат дека „семејството ќе се грижи за неа“.
Медиумите објавија дека Ангелика била во врска со насилник 20 години.