Неверојатна кавга во сообраќајот- премногу и за шокираните Американци (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Драматичен сообраќаен инцидент неодамна е забележан во округот Кицап, Вашингтон, САД и бил снимен на контролна камера.

Локалната полиција соопшти дека трага по возачот на пикап „Доџ“ кој предизвикал необичен инцидент во саботата на 1 февруари, пренесува „Фокс 9“.

Жената возела во својот автомобил кога наеднаш почнал да ја следи пикап. Патникот во пикаот потоа активирал огномет и почнал да пука „блескави топки“.

Камерата снимила како се пука и одекнува на прометниот пат, а кога жената се обидела да го смени правецот, пикапот продолжил да ја следи.

Жената на крајот решила да застане на паркинг, а сторителите на инцидентот се оддалечиле.

Полицијата отворила истрага и ги повикале граѓаните да се јават доколку имаат информации за возачот и сопатникот во Доџот. Засега не се знае што му претходело на огнометот кој бил испукан кон второто возило.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com