Данската фудбалерка Надиа Надим е вистинска спортска хероина која има неверојатна приказна, преживеа пекол во детството за сега да ужива во животот.
Надим пред 33 години е родена во Авганистан, а кога имала само 11 години, нејзиниот татко кој бил генерал во армијата бил ликвидиран од страна на талибанците. По оваа семејна трагедија, Надим заедно со мајка и ѝ четирите сестри успеае да избегаат од Авганистан и да емигрираат во Данска каде започнува нејзината фудбалска приказна.
– По два месеци патешествие, напатени, исцрпени и гладни пристигнавме во Данска. Кога не биде еден полицаец ни донесе банани, леб и млеко. Тоа беше мал гест, но во исто време и најљубезната работа која некој ја направил за мене – се зборовите на Надим.
Надим заедно со сестрите и мајка и биле сместени во бегалски камп кој се наоѓал во близина на фудбалски терени на кои играле и тренирале локални деца. Таа секој ден ги гледала низ оградата и посакала да биде заедно со нив. Но, Надим и нејзините пријатели во бегалскиот камп немале топка па затоа во ноќите ги барале топките кои кои ги префрлувале децата кои тренирале на терените.
Надиа дури на 17 години почнала да тренира фудбал, но денеска се смета за една од најдобрите на светот. Фудбалската кариера ја започна во Данска, но подоцна се сели во САД. По престојот во САД, се враќа во Европа и тоа во тимот на Манчестер сити. Последните две години, Надија Надим е членка на ПСЖ на кого му ја донесе првата шампионска титула во историјата на клубот
За данската репрезентација досега има одиграно 98 натпревари на кои постигна 38 голови.
Додека ја градела својата кариера, паралелно студирала медицина и многумина и кажувале дека мора да се одлучи за една од тие работи. Минатата година стажирала при една операција, а иако е една од наплатените фудбалерки на светот, ги одбивала понудите кои ќе ја направеле најплатена.
“Не играм поради парите. Доволно ќе заработам и во иднината ако бидам докторка”, рекла таа своевремено.
Данска и овозможила нов почеток и успех во сите полиња во кои сакала да се обиде. Морала до полнолетство да чека на државјанство, кое го добила две години подоцна. ФИФА најпрво не и дозволувала да игра за Данска, но жалбата вродила со плод, па Надим станала еден од главните играчи во својата репрезентација.
Освен што е врвна фудбалерка и иден хирург, Надим зборува девет јазици, а “Forbes” ја вброил меѓу 20-те највлијателни жени во спортот. Воедно е прогласена и за личност на годината во Данска. Пред две недели потпишала договор со “Racing Louisville”, со што по четири години се враќа во САД. Сепак, не ги заборава своите корени, па во соработка со ПСЖ и организацијата КЛАБУ се обидува да им помогне на децата во бегалските кампови.
“Додека бегавме од Авганистан, во глава имав само желба за преживување и надеж за подобро утре. Верувам дека им е така и на многу од тие деца. Никогаш немојте да дозволите некој да ви ги одземе соништата”, заклучила Надим.