Незапамтената бура што ја погоди Далмација доведе до кршење на дрва, превртување на возила, а во одредени делови го снема и морето.
Додека во некои делови од Далмација брановите достигнуваа висина и до шест метри, во неколку приморски градови граѓаните ги шокираше повлекувањето на морето кое достигна најниско ниво и најизразена осека во последниве неколку години, пишува индех.хр.
На социјалните мрежи се врти снимка како во Дубровник бурата однесе еден човек, кој силно се заби во ѕидот. Неколку моменти тој лежеше на плочникот, стана, а на помош му пријде еден минувач. Сето тоа го регистрирала надзорната камера пред еден ресторан.