Во обид да го тргне непрописно паркираниот автомобил марка “Смарт“ од една улица во Риека, “пајакот“ во текот на кревањето речиси целиот го оштети, а видеото беше објавено на Фејсбук.
Пајак- службата прво го закачила за системот за подигнување, но автомобилот на неколку пати се искривувал и удирал во асфалтот.
Така, “Смартот“ заврши оштетен од сите страни.