Кралското семејство објави дека денеска почина сопругот на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, војводата од Единбург.
-Со длабока тага нејзиното височество кралицата ја објавува смртта на нејзиниот сакан сопруг, неговото кралско височество принцот Филип, војводата од Единбург. Неговото кралско височество почина мирно утрово во замокот Виндзор, – се наведува во објавата.
Филип кој имаше 99 години во изминатите месеци повеќе пати имаше здравствени проблеми со срцето.