Познатиот српски пејач Маринко Роквиќ, почина денес по кратко боледување на 68 годишна возраст, објавуваат српските медиуми.
Тој неодамна бил хоспитализиран поради влошената здравствена состојба.
Роквиќ ја почина кариерата во 1974 година, а низ годините сними 21 студиски албум. На јавноста и е познат по бројните негови севдалинки кои станаа хитови.
Со децении беше во брак со Славица Роквиќ, со која има два сина. За неа имаше изјавено дека е неговата најголема поддршка.