Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти во име на семејството Анита Лаушевиќ.
За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана, пренесува белградска „Политика“.
Пред да биде хоспитализиран летово заради проблеми со бели дробови, актерот не сакал да го пропушти продолжението на снимањето на серијата „Калкански кругови“ на која работел во Аранѓеловац.
Лаушевиќ дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Бил член на Југословенскиот драмски театар, каде играл улоги во голем број претстави. Своето филмско деби го имаше во 1982 година, со улога во филмот „Прогон“. Истата година игра значајни улоги во филмовите „Савамала“ и „Директно емитување“.
Многу брзо добива една од главните улоги во ТВ серијата „Сивата куќа“ (1984), која му донесе голема популарност. После тоа, тој играше улоги во повеќе од дваесет филмови и телевизиски серии, меѓу кои: „Смекер“ (1985), „Свечена обврска“ (ТВ) (1986), „Се случи на денешен ден“ (1987), „На Офицер со роза“ (1987), „Браќа по мајка“ (1988), „Битка на Косово“ (1989), „Оригинален фалсификат“ (1991), „Подобро отколку да бегаш“ (1993), „Кажи ми зошто си ме остави“ (1993), „Нож“ (1999).