Некогашната најслатка девојка во Холивуд, Мег Рајан (62) била фотографирана на улиците на Њујорк во лежерно издание, додека пак лицето го криела со очила за сонце.
Било тешко да се препознае за која актерката станува збор, особено кога се насмевнала затоа што ликот навистина ѝ бил сменет од претходно. Иако едно време се мислело дека актерката направила пауза со интервенциите, откако во мај беше објавено дека се враќа на малите екрани, очигледно дека таа повторно се вратила на стариот порок – пластичните операции.
Мег Рајан инаку е позната како некој којшто тешко се помирува со тоа што старее во седмата деценија и сака да изгледа како да е во триесеттите години.
Имено, кога Рајан се појавила на актерската сцена таа била убавица која го освоила светот. Мажите лудувале по неа, а жените сакале да изгледаат како неа. Иако сите биле опседнати со нејзиниот изглед, таа не била задоволна во своја кожа, па одлучила да направи промена.
Чекор по чекор, една интервенција, па друга интервенција, дошло до тоа славната актерка целосно да се изобличи. Од нејзиното ангелско лице не останало ниту трага. Од желба што подобро да изгледа, актерката го сменила личниот опис, што ја чинело холивудски ангажмани. Таа добивала помалку улоги, а потоа полека се повлекла од јавноста.
Дека Мег претерала со естетските корекции луѓето од нејзината околина лесно го забележале тоа.
„Премногу корекции. Тоа беше шок за луѓето и таа повеќе не изгледа како Мег Рајан во која се заљубивме“, изјавил Џејмс Манголд, режисер на филмот „Kate & Leopold“, пренесува Wanted“.
Нејзината евидентна промена ја прокоментирал и пластичниот хирург Марк Робери.
„Не станува збор само за усните. Носот ѝ е поразличен, ботоксот е и повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластичната хирургија. Таа не е единствениот пример. Вообичаено тоа е обид да се ослободите од некој вид на лично незадоволство“, изјавил хирургот за „Daily Mail“.
Мег Рајан со години ги избегнувала настаните и свеченостите, а во ретки прилики кога папарацо фотографите ќе ја „уловеле“ на улица, била покриена од глава до пети.