Актерката и пејачка Џесика Симпсон (39) ги откри потресните детали од својот живот воочи објавувањето на нејзината автобиографија „Отворена книга“. По првпат, таа проговорила за сексуална злоупотреба во детството, а се осврнала и на депресијата и проблемите со алкохолот и таблетите.
Џесика раскажа дека била сексуално злоставувана од страна на таткото на својата другарка кога имала само шест години и кога „спиела во креветот на ќерката на семеен пријател“. Сè почнало со „скокотање на нејзиниот грб, а потоа продолжило со работи поради кои се чувствувала многу непријатно“.
Актерката во автобиографијата напишала и дека на родителите им раскажала дека била злоставувана дури кога имала 12 години, шест години подоцна, за време на едно семејно патување.
“Мајка ми го уди татко ми по рака и викна: ‘Ти кажав дека нешто не е во ред!’ Тато не го оттргна погледот од патот, молкум продолжи да вози. Веќе никогаш не отидовме во домот на мојата другарка, но исто така и никогаш не зборувавме за тоа што ми го кажав“, открила Симпсон и додала:
“ Потоа се убивав со алкохол и таблети. Ми беше тешко да се одвикнам. Бев бесна, а апчињата ми помогнаа во намалување на болката. Сакав да им кажам на родителите, бев жртва, но чувствував вина и кај себе“, раскажува Џесика во својата книга.
“ Откажувањето од алкохолот беше лесно. Бев бесна на „него“,но тоа шише ми овозможуваше да останам празна и бесчувствителна – објаснила Џесика, која ја испила последна чаша жесток пијалак во ноември 2017 година. Оттогаш е трезна, тврди таа.
https://www.instagram.com/p/B7oE-QZH1I-/?utm_source=ig_web_button_share_sheet