56-годишната Елаина Ст. Џејмс го привлече вниманието на јавноста откако излезе во јавноста дека сака само врска со мажи во нивните 20-ти.
Причината? Била уморна од здодевен секс со постари мажи. Пред четири години, таа најпрво се насочи кон помладите момци, откако откри дека мажите на нејзина возраст едноставно не можат да бидат во чекор со нејзините желби и потреби во кревет.
Така нејзиниот најнов дечко има само 23 години, а разликата меѓу нив е 33 години. На Инстаграм таа објасни зошто никогаш повеќе нема да излегува со постар маж, а тоа контроверзно видео собра повеќе од 27.000 прегледи.
“Ќе излегувам само со момци во нивните 20-ти. Пред неколку месеци најдов 23-годишен љубовник. Во минатото се забавував со мажи помлади од мене, но овој е најмладиот досега. Го сакам неговиот момчешки добар изглед, слатко однесување и виталност. Толку е позитивен, опуштен, има одлично тело и многу коса. За разлика од постарите мажи, младите мажи имаат одлично тело. Некои делови се меки, а други не толку…“, започнала сексуално активната дама и продолжила: „Нема да излегувам со некој на кој законски не му е дозволено да пие алкохол во Америка, но веќе не можам да замислам да излегувам со некој над 40 години бидејќи тие стануваат пргави старци. Помладите често ме нарекуваат милф или пума, но јас го сакам тоа“.
Што се однесува до мажите на нејзина возраст, таа откри дека брзо и здосадила истата стара рутина и нивните здравствени проблеми.
“Постарите мажи имаат болен грб, еректилна дисфункција, лоши ставови и многу “багаж” од минатото. Во спалната соба секогаш е исто, исти пози. Сексот или не постоел со нив или бил на работа – немало ниту спонтаност ниту желба. „Помладите мажи, од друга страна, сметаат дека сексот е неверојатен! Тие се живи, разиграни и уживаат во задоволувањето на постара жена“, објасни таа.
Елеина е и модел на OnlyFans, а напиша и книга, водич за тоа како да излегувате со постари жени – „Како да излегувате со жешки постари жени: Крајниот водич за состаноци со постари жени“.
На платформата за возрасни, OnlyFans, има претежно машки претплатници од целиот свет, а нивната возраст е од 25 до 40 години, но има и 19-годишници. Во првите осум месеци на OnlyFans заработила шестцифрена сума, а месечно заработува околу 15 илјади долари.
Кога започнала со OnlyFans, била изненадена од тоа колку мажите го сакаат нејзиниот „мек стомак“.
„Тие тоа го сакаат и тоа е порака за секоја жена која се чувствува лошо поради својот стомак или подпуштени гради. Секој ден мажите ми велат: „Го сакам твојот стомак, го сакам твојот мек стомак како што има мајка ми“. Жените треба да слушнат затоа што повеќето од нив сакаат да бидат „Кардашијан“, но вистинските мажи, како и огромното мнозинство помлади мажи, сакаат природно тело, затоа не се убивајте за да бидете совршени затоа што совршенството не постои, а мажите ја сакаат автентичноста“рече таа.
“Знам дека не сум совршена. Немам совршено тело. Имам тело на мајка. Имам стомак. Не сакам да вежбам”, додаде таа.