Министер во федералната влада на Босна и Херцеговина Салко Букваревиќ почина од последиците на коронавирусот на 53 години. Букваревиќ кој беше министер за воени ветерани од 2015 година, бил примен во болница во Сараево минатата недела со пневмонија и проблеми со дишењето. Неговата здравствена состојба се влоши во понеделникот, а тој беше на терапија со кислород претходните денови, но тоа не беше доволно заради силното воспаление на двете белодробни крила. Затоа тој беше поврзан на респиратор во вторникот наутро.
На 22 јули беше потврден позитивен тест за вирусот корона на Букваревиќ.
Инаку, и премиерот Фадил Новалиќ е хоспитализиран со ковид-19.