Почина италијанскиот актер и модел Росано Рубиконди, поранешен сопруг на Ивана Трамп. Имал 49 години.
Веста за неговата смрт ја објави италијанската ТВ водителка Симона Вентура на Твитер.
“Росано, ти благодарам за патувањето низ кое поминавме заедно, за добрите но и лошите времиња, ти благодарам за солзите и смеата, за се што направивме заедно. Среќен пат и почивај во мир”, напишала водителката до фотографијата со Росано.
Инаку, Ивана и Росано се запознале во 2002 година, а шест години подоцна се венчале. Тие се развеле по помалку од една година брак, но останале во добри односи. Росано бил четвртиот сопруг на Ивана, сопругата на Доналд Трамп.