На 48 години ненадејно почина српскиот новинар Игор Каранов.
Причината за смртта на познатиот новинар, блогер и водител е срцев удар, јавуваат белградските медиуми.
Кариерата ја започна во новосадскиот „Дневник“, а долго работеше и во Адрија Медија Груп за магазините „Свет“, „Пулс“, „Глорија“, „Плејбој“, „Ел“ и „Стори“.
Имаше и популарен блог на страницата AllMe, автор е на четири книги, а слабост му беше боречката вештина аикидо. Неговиот последен ангажман беше во телевизијата „Инсајдер“.
Каранов беше татко на три деца.