Грците денеска ги преплавија плажите бидејќи ова беше првиот викенд без рестрикции кои беа воведени поради пандемијата на коронавирус.
Убавото време и високите температура ги “измамија“ Грците во голема бројка да излезат на плажите каде според видеата, не се почитуваа мерките на социјална дистанца кои се препорачуваат поради пандемијата.
Плажата на грчкото езеро Вулјагмени, потоа плажите Кавоури и Глуфада во моментов се полни со млади и семејства со деца бидејќи температурата во Атина за викендов се прогнозира дека ќе се искачи дури на 35 степени.
Особено следниот викенд се очекува големи гужви на грчките плажи бидејќи метеролозите предвидуваат дека ќе биде уште потопло, а темперетарута може да се искачи до 39-40 степени.