Една од најубавите и најпопуларни холивудски актерки денес ужива во богатство и луксуз, а речиси е непознато дека животот во младоста не ја галел и дека одреден период живеела како бездомничка.
Имено, Хале Бери имала 18 години кога се преселила во Њујорк, а после доаѓањето од Чикаго во еден од најубавите градови, после кратко време останала без пари.
За да се снајде и да се обиде да си го исполни сонот, ѝ се јавила на мајка си и ја замолила за помош, но таа одбила и тогаш започнал еден од најголемите кошмари за славната актерка.
Одреден период морала да живее во засолниште како бездомник, но во ниеден момент, како што раскажала, на својата мајка не ѝ се налутила што не ѝ помогнала во најтешкиот период, туку вели дека многу ѝ е благодарна поради тој потег.
„Кога не сакаше да ми испрати пари, не зборувавме една година. Сепак, сега мислам дека тоа е една од најдобрите работи што ги направила за мене“, рекла Хале, која тогаш почнала да работи како келнерка, но многу брзо влегла во филмската индустрија и животот целосно ѝ се променил.