Кристин Онгаре од Кенија на само 12 години останала бремена, 14 години потоа ќе настапи на Олимписките игри во Токио. Онгаре која е боксерка заврши третопласирана во перо-лесна категорија во афричките квалификации, што значеше пласман во Токио и борба за најсјајното одличје за секој спортист.
Таа освојувачка на бронзениот медал од Игрите на Комонвелтот во 2018 година. Онгаре вели дека имала голема помош од својата мајка при одгледувањето на детото кое го родила уште додека таа била речиси дете.
„Таа ја презема грижата за подигнување на моето дете, така што моето дете мајка ми ја знае како своја мајка. Бев мало дете, тоа беше чист притисок да пробаш нешто и тогаш тоа те уништува. Имав тежок живот, не сакам да зборувам за тоа“ – изјави Онгаре и додадеде:
„Не постои друг начин да заработам пари. Ако се квалификувам за ОИ, тоа ќе ми отвори многу врати, се надевам дека ќе успеам“.
https://twitter.com/i/status/1233795439176101890