Музичарот Род Стјуарт за магазинот „FourFourTwo“ изјавил дека неговиот најмлад син Ајден Патрик (11) бил итно пренесен во болница откако колабирал на фудбалски натпревар.
“Бевме убедени дека има срцев удар. Тој помодре и беше во несвест. Беше страшно, но за среќа на крајот се покажа дека е напад на паника. Тој само сакаше да биде најдобар”, изјавил Стјуарт за магазинот FourFourTwo.
„Уште едно момче падна и ја повреди главата на натпреварот и се уште не е добро. Во сите мои денови кога гледав фудбал, тоа беше единствениот пат кога беа повикани дури две амбулантни возила“, изјави ѕвездата.
Според NHS, повеќето напади на паника траат помеѓу пет и 20 минути, иако тие можат да траат и до еден час.
Пејачот со сопругата Пени Ланкастер Стјуарт го има синот Ејден, а има и уште седум деца. Неодамна ја сподели тажната вест дека неговиот брат Боб починал, само два месеци откако го изгубил другиот брат Дон.