На 105-годишна возраст почина легендарната Бранка Веселиновиќ. Таа беше најстарата жива актерка во светот.
Родена е далечната 1918 година во Нови Бечеј. Студирала на Актерската школа при Народниот театар во Белград од 1936 година. Во Нови Сад играла до 1940 година, кога се преселила во Белград. Таа покажа голем талент за хумор и сатира.
Беше во брак со актерот и преведувач Млаѓа Веселиновиќ (1915-2012). Тие се венчаа на 30 септември 1948 година. Единствено жали што не родила дете.
Од 1980 година, четири години беше амбасадор на УНИЦЕФ. Ја основала и актерската награда „Бранка и Млаѓа Веселиновиќ“.
Во текот на кариерата играла во повеќе од 100 претстави во театарот и повеќе од 50 телевизиски серии и филмови.
Добитничка е на бројни награди и признанија за нејзината актерска и хуманитарна работа.