После еден век вчера престана да чука срцето на легендата на македонската наука, единствениот жив од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет (1947), Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (1949) и единствениот од првиот состав на МАНУ (1967), Академик Проф. Д-р Ѓорѓи Филиповски.
Во мај годинава, во МАНУ беше одбележан стотиот роденден на академик Ѓорѓи Филиповски, како единствен жив од тројцата основачи на МАНУ во 1967 година.
Академик Ѓорѓи Филиповски, на 6 мај наполни 100 години. По повод овој голем јубилеј, во Македонска Академија на науки и уметности, беше одржана свеченост . Академик Филиповски, заедно со академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ, беа тројцата членови на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ.
Академијата е основана на 23 февруари 1967, а прв претседател беше академик Блаже Конески.
Комеморацијата за академик Ѓорѓи Филиповски ќе биде одржана во понеделник, во МАНУ во 11 часот, а погребот во 13 часот.
извор: Ако.мк