Ѓорѓе Балашевиќ имал инфаркт и се наоѓа во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде е хоспитализиран и вградени му се стентови. 66-годишниот музичар во болница ќе остане неколку дена и е на интензивна нега.
„Добро ја поднесе операцијата, се чувствува добро, но не му се дозволени посети“, објаснил извор за српски Блиц и уште додал: „Набрзо ќе биде пуштен на домашно лекување, но ќе мора многу да биде внимателен и комплетно да го смени начинот на живот.“
Неговиот син Алекс откри како се чувствува пејачот по инфарктот.
„За сите кои прашуваат како е мојот татко…тој порачува дека се чувствува така што може да се бори и на мегдан“ напиша Алекс во описот на заедничката фотографија.
По повод здравствената состојба на Балaшевиќ се огласи и неговата ќерка која истакна дека пејачот не се чувствувал добро, но дека сега е добро.
„Да ве предупредам сите кои ќе ме прашувате. Татко ми е добро. Не се чувствуваше добро, па поради тоа беше превентивно прегледан во Каменица. Им благодарам на сите за разбирањето и откажаниот концерт“ напиша Јована на „Инстаграм“.
Инаку, Ѓорѓе Балашевиќ требаше да настапи во Крагуевац.