Според податоците со кои што располага Институтот за јавно здравје, заклучно со 15-ти ноември, пациентите кои што се заразени со коронавирус во Македонија најчесто имаат температура и малаксаност.
„Во однос на симптомите кои што се појавуваат кај заболени лица, најчесто се регистрирани температура (68.9 отсто), малаксаност (41.5 отсто), кашлица (39.8 отсто), главоболка (19.4 отсто), болки во грлото (15.7 отсто), болки во мускулите (13.9 отсто), треска (13.2 отсто), чувство за мирис или вкус (11.5 отсто), отежнато дишење (10.0 отсто)“, стои во извештајот.
Исто според податоците од Институтот заклучно со 15-ти ноември, 23.3 од заболените со Ковид-19 во Македонија се без симптоми.
„Од случаите кои што се епидемиолошки истражени, кај 7.656 или 23.3 отсто од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето“, стои во извештајот.