Туристите кои планираат да уживаат на плажите на Ибица летово, ќе мора да носат маска дури и при сончање.
На овој балеарски остров, на посетителите претходно им беше дозволено да не носат маски кога престојуваат на плажите, но само доколку се наоѓаат доволно далеку едни од други.
Сепак, новите правила стапија на сила со одлука на Владата на Шпанија и подразбираат задолжително носење маски за секој што посетува јавни простори, а тоа се однесува и на плажите и на базените.
Луѓето кои нема да го почитуваат ова правило, ризикуваат да се соочат со парична казна во износ до 100 евра – пренесува Mirror. Правилото единствено не важи за децата кои се помали од 6 години, како и за возрасните кои имаат некое заболување што им создава потешкотии со дишењето. Се’ споменато не се однесува само на Ибица, туку воопшто на цела Шпанија.