Според Ројтерс, на почетокот на трката во гратчето Рука во североисточниот дел на Финска, температурата се спуштила до минус 15 степени.
„Пенисот ми е замрзнат. Не се шегувам. Морав да лежам во шаторот десет минути за да се загреам. Премногу боли. Страшно е“, изјави Халфварсон.
За Халфварсон ова вторпат да ја заработи истата повреда, а во несреќата најде и смешна страна.
„За среќа, наскоро ќе имам уште едно дете, зашто ако продолжам вака тешко дека би можел пак да станам татко“, дополни освојувачот на три медали од Светските првенства.
Дека ова и не е до толку невообичаена повреда за нордиските скијачи доказ е и Финецот Реми Линдхолм, кому му се случи истото на Зимските олимписки игри во Пекинг. Тој се натпреваруваше во трката на 30 километри, а откако ја мина целната линија, се упати кон тимот и побара шише со топла вода што веднаш го постави на гениталиите.
„Можете само да погодите кој дел од телото ми беше замрзнат кога ја завршив трката. Ова беше една од најлошите трки на кои сум учествувал. Се ми се сведе на тоа да се борам за некако да издржам до крај“, изјави тогаш Линдхолм.
А, тоа и не му беше првпат да му се случи вакво нешто.