Моника Белучи не се откажува од црните модни комбинации. За најновото гостување во емисија, 59-годишната актерка изгледаше одлично во омилената стилска формула.
Во шоуто „Che Tempo Che Fa“, италијанската убавица пристигна во црн припиен фустан, кој го надополни со црни чизми со црвен ѓон од Кристијан Лобутин.
Белучи го промовираше својот најнов филмски проект „Diabolik Chi Sei?“
Убавата холивудска ѕвезда старее грациозно и не крие дека не се опседнува со тежината и одржувањето на фигурата.