Новак Ѓоковиќ по четврти пат е прогласен за најдобар спортист на планетата и се закити со блескавата награда “Лауреус“. На свеченото доделување во Монако покрај сопругата Јелена се појавија и родителите на Новак, а особено со својата елеганција воодушевила мајка му Дијана.
Интересно е што на црвениот тепих Новак и Јелена си размениле бакнежи, а карминот останал на усните на српскиот тенисер. Затоа морал да реагира Јелена која веднаш му го избришала под будните камери на папараците.
Инаку, во конкуренција за наградата “Лауреус“ беа и Лука Модриќ, Ле Брон Џејмс, Луис Хамилтон, Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.
Гимнастичарката Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка на светот , додека наградата за животно дело ја доби Арсен Венгер.
https://www.instagram.com/p/BuCBxQ4gW7F/?utm_source=ig_web_button_share_sheet