Една од најубавите светски глумици Скарлет Јохансон овие денови има полни раце работа околу промоцијата на нејзиниот најнов филм Marriage Story, кој премиерно ќе се прикаже на 6 декември на Нетфликс.
Таа на црвениот тепих во Лос Анџелес се појави во секси издание во фустан на Луис Витон.
Горниот дел на фустанот бил всушност корсет со украсни ленти, а во долниот дел е сукња со преклоп која ги истакне нејзините облини.