Финскиот крос-кантри скијач Реми Линдхолм ќе ги памети Зимските олимписки игри во Пекинг до крајот на својот живот и тоа не според врвен резултат, освоен медал или некоја убава ситуација од патеката.
Напротив, ќе ја запамети како најлошата зимска олимпијада во неговиот живот, откако пенисот му замрзнал на минус 17 степени Целзиусови.
– Можете само да погодите кој дел од телото ми беше замрзнат кога ја завршив трката. Ова беше едно од најлошите натпреварувања на кои сум учествувал. Се се сведуваше на тоа да се изборам и некако да стигнам до крајот, изјавил Линдхолм за финските медиуми.
Тој на патеката минал час и 16 минути додека организаторите на Олимписките игри ја скратиле трката од 50 километри на 30. Од почетокот на Зимските олимписки игри владеат крајно неповолни и нехумани услови, а не го заобиколиле и скијањето.
Откако минал низ целта, побрзал кон тимот и побарал нешто како шише со топла вода што веднаш го притиснал на гениталиите.
-Кога почна да делува топлината… не можам да ви опишам каква беше болката, додал несреќниот Линдхолм.
За работите да бидат уште поневеројатни, на скијачот му замрзнал пенисот по втор пат во животот! Истата ситуација му се случила минатата година на скијачка трка во градот Рука, Финска.