Марија Шнајдер, француска актерка, останува најпозната по нејзината улога во легендарниот филм „Last Tango in Paris“ од 1973 година, на италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи.
Била вонбрачна ќерка на актерот Даниел Зелен, кој никогаш не ја признал, а на 15-годишна возраст побегнала во Париз поради кавга со нејзината мајка, каде грижата за неа набрзо ја презела Брижит Бардо.
Како млада запловила во актерските води кои не ѝ донеле гламур и сјај како на повеќето актери, туку една од првите големи улоги во нејзиниот веќе проблематичен живот ѝ донела бура.
Станува збор за филмот „Last Tango in Paris“, кој минатата година го прославил своето постоење, а филмот е опкружен со контроверзии по шокантните откритија за неговата најозлогласена сцена.
Еротската драма на Бернардо Бертолучи, следи млада жена од Париз, која ја портретира покојната Марија Шнајдер, која започнува анонимна сексуална врска со постариот американски вдовец (Марлон Брандо).
Шнајдер, која имала само 19 години кога го снимила филмот со 48-годишниот Брандо, во интервју за „Daily Mail“ во 2007 година изјавила дека една шокантна сцена на силување не била во оригиналното сценарио, туку дека Брандо дошол на идејата да ја симулира и ѝ кажал пред што требало да го снимаат тој дел.
„Бев толку лута“, зборувала таа. Марлон ми рече: „Марија, не грижи се, тоа е само филм“, но за време на сцената, иако тоа што го правеше Марлон не беше реално, јас плачев вистински солзи.
„Се чувствував понижено и да бидам искрена, се почувствував и малку силувано, и од Марлон и од Бертолучи. По сцената, Марлон не ме утеши, ниту ми се извини. За среќа, постоеше само еден обид на снимање.“
Подоцна се појавило видео на социјалните мрежи каде италијанскиот режисер опишал како тој и Брандо дошле до идејата да користат путер во сцената со силувањето, но не ѝ кажале на Марија „што се случува, бидејќи сакал нејзината реакција да биде како на девојка, не како на актерка“.
„Сакав да реагира понижено“, зборувал тој своевремено.
Откако била објавена снимката и бројните весници објавиле дека Шнајдер била силувана на снимање, Бертолучи се огласил со изјава во која појаснил дека се работи за симулирана секс сцена.
„Некој мислел, и уште мисли, дека Марија не била информирана за насилството над неа. Тоа е лага. Марија знаеше сè затоа што го прочита сценариото, каде што сè беше опишано. Единствената новост беше идејата за путерот“, тврдел режисерот.
Марија Шнајдер не умеела да се носи со светлата на рефлекторите и насловите, па наивно и непромислено била премногу искрена за весниците, а за да може да ја поднесе славата, актерката се осврнала на наркотиците и неколкупати се обидела да се самоубие.
Марија починала од рак во 2011 година, без да добие извинување за бруталната сцена која влијаела на нејзиниот живот.